Јован Вукотиќ беше убиен на почетокот на месецот пред очите на бремената сопруга Маша и нивното двегодишно дете, на автопатот во Истанбул, а сега се појавија и фотографии од местото каде што се случи убиството.
Вукотиќ беше следен одредено време и кога се укажа прилика решија да го ликвидираат. Кобниот ден, 8 септември, Вукотиќ со семејството отишол во трговскиот центар „Зорика“, кој е оддалечен половина час од неговото место на живеење, инаку елитен дел на Истанбул – објавија турските медиуми.
Платениот убиец бил во задниот дел на мотоциклот, додека возел неговиот соучесник. Кога се нашле на автопат, најмениот убиец го застрелал Вукотиќ, кој во тој момент бил на совозачкото седиште-стои во деталите на турските медиуми.
Напаѓачот отворил оган и со пет истрели го погодил Вукотиќ, од кои секој ја погодил целта.Извршителот не погодил ниту еден од патниците кои биле во автомобилот. Напаѓачите пак веднаш побегнале во гужвата.
Comments are closed for this post.