Јошка Броз, внук на Тито, реши да проговори за последните денови од животот на својот дедо и да ги демантира сите теории на заговор кои се провлекуваат. Тој ги нарекува будалаштини приказните дека Тито не е погребан во Белгради и оти погребот бил само парада.

Се сеќавам на трети мај му се помрднаа очните капаци.Ги прашав докторите што тоа значи, ми рекоа дека тоа му се последните напори. Утредента дедо ми умре. Што се однесува до погребот.. го ставија во метален сандак кој беше заварен. Имаше приказни дека бил ставен песок место него и дека го лажат народот.Не се одвојував од ковчегот. Кога заврши првиот дел од погребот не беше ставена плочата. Потоа ноќта дојде кран и го ставија поклопот-раскажа Јошка.