Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на В.К., таткото на малолетниот К.К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Таткото е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност. Тој се сомничи дека го научил синот како да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.
Притворот е продолжен на предлог на обвинителството, поради посебни околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото доколку се најде на слобода, соопштиле од судот, а се наведува како причина и начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело, што доведоа до вознемиреност во јавноста што може да го загрози непреченото и правично постапување на кривична постапка.
Comments are closed for this post.