Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ деновиве е во Вашингтон на средба со Филип Рикер и Роберт Палмер .Таму наводно објавил дека сака повторно да се кандидира за шеф на државата на следните избори.
Српските медиуми потсетија дека тој со себе носи една голема тага и болка поврзана со приватниот живот. Неговата сопруга Веселинка по нивниот развод од тага отишла во манастир и се замонашила. По неколку година искушеништво стана монахиња во манастирот во Пеќката патријаршија под името Ирина.
Таа е поранешна новинарка и со Борис имале голема љубов која за жал завршила со развод. Поранешниот претседател никогаш не прозборел за причините но во една прилика кога станал шеф на државата се обидел да разговара со неа но таа одбила.
Comments are closed for this post.