Косовските власти се чини дека не жалат пари за да влезат во Белата куќа и со тоа да манифестираат дека ја имаат поддршката од САД. „Espreso.rs“ објави дека претседателот на Косово Хашим Тачи и првиот на Парламентот Кадри Весели платиле 2.7 милиони долари за блиц средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Средбата се реализира преку лоби групата „Alston and Bird“. Ваква средба имало пред неколку години а ќе има уште една следниот месец.Косовските власти сигурно ќе ја искористат фотографијата за да се пофалат на „Фејсбук“ и да стекнат политички поени.

За добра фотографија не се жали пари, зарем не?