Српската опозиција синоќа одржа протест на кој според проценките учествуваа околу 30.000 луѓе.Се одржа на плоштадот Славија. Иако офијално ова беше студентски протест, тоа беше само параван и вистнски зад протестот стоеше српската опозиција.

Впрочем и барањата на протестите се исклучиво полтички, односно заминување на претседателот Александар Вучиќ и немаат врска со правата на студентите.

Дека протестите се политички докажуваат и имињата кои се појавија на „Славија“ и кои немаат врска со студенти.Па така, таму се најдоа Здраво Понош, политичар, новиот претседател на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ, поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, актерите Драган Бјелогрлиќ и Светлана Бојковиќ.Сите овие баш и не се студенти.

Едно од барањата на „студентите“ е преодна или техничка влада. Ова е речиси пресликано сценарио од 2016 година од Македонија кога без да победи на избори на власт беше донесен Зоран Заев.

Крајната цел секако беше промената на името на Македонија со Договорот од Преспа. Во случајот со Србија крајната цел ќе биде признавање на Косово од некој „српски Заев“, кој засега не можат да го најдат.

Истото сега се бара и во Србија.

Бараат преодна влада и тие да кажуваат кој да ми напишат на лист кој ќе биде во неа.Ако не прифатам тогаш ќе ме „гепекувале“.Додека сум жив од тоа нема да има ништо-порача претседателот Вучиќ.