Десет луѓе загинале, а седуммина други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во јужниот дел на Романија.

Од романската служба за итни случаи соопштија дека несреќата се случила кога се судриле камион и минибус, при што загинале возачите на двете возила.

Локалната полиција отвори истрага за причината за судирот.

Светските агенции јавуваат дека причина за несреќата најверојатно е лошата патна инфраструктура во Романија.