Според генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг многу луѓе во Србија сè уште имаат лоши спомени од бомбардирањето во 1999 година, но тоа било направено со цел да се заштитат цивилите и да се урне владата на тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.
Јас истакнав дека тоа го направивме за да ги заштитиме цивилите и да го запреме режимот на Милошевиќ. Но мојата најважна порака е дека ние мора да гледаме кон иднината, рече Столтенберг при гостувањето во РТС.
Тој додаде дека НАТО го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина, и тоа не само политички.
Дијалогот е потребен за надминување на разликите и наоѓање политичко решение. НАТО го поддржува тоа, не само политички, туку и затоа што ние сме присутни на Косово во вид на КФОР, задолжени за одржување на безбедноста. Ние и понатаму ќе бидеме тука за да ги заштитиме сите заедници“, рече Столтенберг.
Comments are closed for this post.