Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска е во посета на завршните работи на кулата „Белград“.
Слушнав дека некој понудил 15 милиони евра за целиот кат во кулата – рече Вучиќ
Министерот Мали објасни дека се работи за „наш човек, од Германија“
Го интересира цел 39 кат – рече Мали, додавајќи дека цената на метар квадратен во Белград на вода е „покачена, дури 10.000 евра за метар квадратен“.
Како што појасни Вучиќ на работите секојдневно работат по 2.500 работници.
– Арапите бараат повеќе од нив, но ние немаме работници, па ќе мора да увезуваме луѓе. Кога го кажав тоа во 2015 година, тие ми се смееја, а сега потпишуваме договори за земји како Гватемала да ни носат работници од таму. Затоа „Отворен Балкан“ е исклучително важен – рече Вучиќ.
Comments are closed for this post.