За вирусот не се знае ништо. Ние сме жив експеримент. Учиме на најстрашниот начин…вака пробемите со кои се соочуваме ги опишува српскиот биолог Марија Михајловиќ која работи во Италија и која е најгпогодена од корона вирусот.

Тоа што се знае е дека корона вирусот останува мошне долго на тврди површина. Го испитувале воздухот од соба на болен, но земале и брисеви од орманчињата, апаратите итн. и увиделе дека помала е концентрацијата во воздухот, отколку на тврдите површини каде е многу поголема и долго се задржува. Доколку отидете во вежбална, а пред вас на справата бил носител, и вие ќе го добиете вирусот. Ако се допрете по лицето, веќе сте заразени. Истото се случува и во продавниците. Многумина го креваат производот, ја гледаат цената и го враќаат. Доаѓате вие и тоа е тоа… Да не зборуваме за тоа дека ќе прегрнеш некого ако го видиш. Ова е вирусна епидемија и се спречува само со изолација-објаснува Михајловиќ за „Новости“.