Поранешниот министер на СР Југославија Владислав Јовановиќ за српски Телеграф ги коментира преговорите за опстојување на некогашната федерација во која главниот збор го имал Слободан Милошевиќ.
Српскиот претседател имал одвоени средби со претседателот на БИХ Алија Изетбеговиќ и на Македонија Киро Глигоров за да се задржи заедничката држава во некаква скратена форма откако ја напуштија Хрватска и Словенија.
Милошевиќ отиде во Охрид на разговори со Глигоров кој му рекол дека сака Македонија прво да биде независна а потоа да се размислува за влез во таа нова федерација-изјави Јовановиќ за српски Телеграф.
Ова е сосема различно тврдење од она на поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски кој е убеден дека зад атентатот на Глигоров стои Милошевиќ бидејќи претседателот на Македонија одбил секакви разговори за влез во некоја идна федерација со Србија и со другите поранешни југословенски републики.
Comments are closed for this post.