Регионалните и меѓународните случувања со акцентот на Балканот, Источниот Медитеран и Сирија, како и билатералните односи во рамките на заедничкиот акциски пан за 2019-2020 и проширување на соработката, ќе бидат темите на агендата разговори на министрите за надворешни работи на Русија и Грција, кои утре ќе остварат средба во Санкт Петербург, информираат од грчкото МНР.
Сергеј Лавров и Јоргос Катругалос ќе се сретнат на маргините на 23-от Меѓународен економски форум што се одржува од 6 до 8 јуни во рускиот град.
Во рамките на учеството на форумот, Катругалос ќе ги анализира специфичните аспекти на грчката надворешна политика, фокусирајќи се на културната дипломатија, можностите за извоз на култура и начините за промовирање на културното наследство на една земја на глобално ниво – соопштуваат од грчкото МНР.
Comments are closed for this post.