Тие побараа од Приштина и меѓународната заедница веднаш да се укинат антиквизациските и дискриминаторски такси од 100 отсто за робата од Србија.
Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ на протестот под наслов Сесрпски собир прочита проглас на српскиот народ од КиМ во кој се наведува дека веведувањето на таксите е опасен удар врз мирот и стабилноста во регионот и најдиректна закана за опстанокот на српскиот народ на Косово.
Ние од нашата борба за правда и опстанок не можеме да се откажеме и победата ни е единствената опција и затоа српскиот народ ќе продолжи со мирни протести до последен здив да се бори против антисрпските мерки на Приштина со оглед дека напуштањето на огништата не е опција, истакна Ракиќ, читајќи го прогласот.
Во прогласот се предупредува дека српскиот народ се наоѓа на ивица на хуманитарна катастрофа, бидејќи недостасуваат храна и лекови и дека тоа се случува пред очите на европската јавност која, како се наведува, падна на испитот пропуштајќи остро да реагира кога Приштина воведе такса од 10 отсто.
На собирот говореше и претседателот на Привремениот орган Звечан Иван Тодосијевиќ кој и порача на Приштина да престане со провокациите и веднаш да ги укине таксите, а на меѓународната заедница да го вразуми „своето дете“ кое, како што вели, е излезено од контрола.
Тодосијевиќ оцени дека целта на најавеното формирање на војска на Косово е да се окупира северот на Косово, да се доврши етничкото чистење и да се протераат Србите од југот на покраината.
Ние немаме долги цевки, но имаме срце и волја појака од било кога да останеме на овие простори. Ќе се бориме мирно и достоинствено, порача Тодосијевиќ.
Насобраните граѓани носеа знамиња на Србија и транспаренти на кои пишуваше „Стоп за насилството во Приштина“, „Уницеф помогни“, „Немаме лекови“, „ЕУ отвори очи“, „Помогнете на нашите бебиња“.
На протестот од приштинските институции е побарано да се уапсат вистинските виновници за убиството на Оливер Ивановиќ, а уапсените Срби да се ослободат.
Comments are closed for this post.