Багира е најпознатата жена снајперист во Украина. Но, тоа е нејзиното воено име, а жената е всушност Даниела Лазовиќ од Горњи Милановац. Оваа Србинка има интересна животна приказна, од поранешна монахиња завршила во Украина како борец за руските паравоени формации.

Таа во воената единица е снајперист, но се бави и со шверц на наркотици. Вели дека се бори на страната на руските сили поради љубовта спрема Русија иако за тоа зема плата од околу 2000 долари. Кога не војува во Украина живее со својата партнерка во Русија.