Според српскиот претседател прво ќе се вакцинираат корисниците на домовите за стари лица, бидејќи тие се најзагрозени.
Вучиќ најави дека вакцина ќе прими и некој член на државното раководство,тој, премиерот или д-р Дарија Кисиќ. Со тој чин тие би им упатиле порака на граѓани за потребата од вакцинирање и за безбедноста на вакцината Фајзер.
Во Србија вчера пристигна првите 4.875 дози, на вакцини од компанијата „Фајзер-Бионтек“. Српскиот претседател најави дека во јануари, февруари и март ќе пристигнат уште повеќе дози.
Вакцините се набавени билатерално, независно, а Србија е веројатно единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, што успеа да набави некои вакцини, изјави Вучиќ на прес конференција.
Comments are closed for this post.