Србија полека оди кон македонско сценарио. Падна договор меѓу претседателот на Парламентот Ана Брнабиќ и српската опозиција за изборни реформи. Конкретно, ќе прави ревизија и прочистување на Избрирачкиот список.Опозицијата смета дека има многу гласачи кои го промениле местото на живеење поради гласање на изборите во Белград.

Се усвои и барањето Јавниот сервис РТС да известува избалансирано и да објавува прилози за опозицијата.

Ова многу наликува на случувањата во Македонија во време кога СДСМ беше опозиција кое резултираше со Договорот од Пржино.