Дипломати од Србија излегоа со остра рекација против изјавата на т.н прв вицепремиер Артан Груби кој најави дека ќе лобира Шпанија да ја признае независноста на Косово. Тие велат дека скандалозно што Заев не регирал на провокацијата на неговиот член на владата.

Фактот што Скопје официјално не реагираше на ветувањето на вицепремиерот на Македонија, Артан Груби, дадено на претседателката на Приштина дека земјата ќе побара од Шпанија да ја признае независноста на Косово, е позагрижувачки од самата изјава“, изјави пензионираниот дипломат Зоран Миливојевиќ за Спутник.

Дипоматот нагласува дека Македонија секако не може да има влијание кон Шпанија – да ја принуди Шпанија да го признае Косово кога и таа има пробем со Каталонија.