Србија ќе добие од Европската Унија 21 милион евра за 15 нови инфраструктурни проекти, чија потенцијална инвестициска вредност е поголема од 900 милиони евра.
Средствата ќе бидат обезбедени преку програмата „Поддршка на ЕУ во подготовка на проекти“. Тоа ќе бидат пари наменети за подготовка на техничка и тендерска документација. Таа програма е финансирана од претпристапните фондови со донација од 19,7 милиони евра. Српската влада ќе инвестира околу 1,3 милиони евра.
Целта на програмата што се однесува на инфраструктурни проекти во областа на животната средина, енергетика и транспорт, е да се промовира подготовката на модерна и одржлива инфраструктура во Србија, како и за зајакнување на техничките и административните капацитети во управувањето и користењето на претпристапните фондови, со цел да се забрза процесот на подготовка Србија за членство во ЕУ.
Проектите ќе се реализираат во Лозница, Панчево, Краљево, Соко Бања, Крагуевац, Ужице, Пожега, Ивањица, Кладово, Врбас, Белград…
Comments are closed for this post.