Големата грешка на бугарските водачи по почетокот на транзицијата е дека не направиле декомунизација, по начинот на кој Конрад Аденауер изврши денацификација на Германија, нагласува поранешниот бугарски премиер Иван Костов.

Некои луѓе не успеаја да се разделат со комунистичките ставови, не успеаја да прифатат целите на транзиција и се главна пречка за негово спроведување. Тие, нивните медиуми, нивните институции, партии секогаш биле или против самите цели на транзицијата, или против средствата со кои тој се остварува-објасни поранешниот бугарски премиер.

Костов во 1999 година со поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски го потпишаа првиот договор за пријателство помеѓу двете земји.