Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат Анексот со 12 точки, што ги подготвивме, изјави за НОВА-Њуз бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Според него, Македонија имала шанса да одреди датум за разговори уште во ноември минатата година, но, како што вели, не сакала да ја искористи шансата.

 

Бугарија не стави вето, туку едноставно рече дека Скопје не е подготвено за датум за преговори, нагласи Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер истакна дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но говорот на омраза кон се што е бугарско било она што загрижува. Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата, заклучи Каракачанов.

Красимир Каракачанов во анексот  бараконкретни гаранции и писмен документ,  Тој вели дека Заев собрал храброст и поради тоа некои од неговите противници го критикуваат.

„Ако одиме напред со толку брзи чекори, мислам дека следната година можеме да зборуваме за започнување на преговарачкиот процес. Но, јас не верувам во декларации и интервјуа, туку сакам да видам што ќе се направи на дело. До пред два месеца, некои работи што ги кажа сега – за заедничката историја, за некои заеднички херои – беше незамисливо да ги слушнеме. Ова е чекор напред. Историјата е заедничка, но треба да појасниме каква. Таа е заедничка, но сепак таа е бугарската историја“, вели тој.