Господата Ципрас и Каменос, заедно се подбиваат со граѓаните за уште неколку месеци да останат на власт, вели портпаролката на Нова демократија и европратеничка Мариа Спираки, во изјавата  за „одговорностите на владата во скопското прашање“.

Веќе пет дена господинот Ципрас избегнува да објасни зошто го отстрани господинот Коѕијас кој го поддржува Договорот од Преспа.  А не господинот Каменос, кој наводно се бори против, но му дозволува на Скопје да создава завршени работи кои ќе биде сѐ потешко да се променат. Господата Ципрас и Каменос, заедно се подбиваат со граѓаните за уште неколку месеци да останат на власт. Вистината е една: оние кои дозволуваат да се заврши уставната ревизија во Скопје, носат огромна одговорност кон историјата. Прв од сите, господинот Каменос, изјави Мариа Спираки.