Научна студија на ЦИА од декември 1975 година тврди дека поранешна Југославија ги имала сите потребни капацитети, па дури и доволно резерви ураниум од сопствени извори за да направи атомска бомба до 1980 година, вели професорот Филип Ковачевиќ, кој имал ретка можност да види дадени осум тајни документи. .

 

Ковачевиќ, кој е визитинг предавач на Универзитетот во Сан Франциско и чие основно поле на истражување е работата на разузнавачките служби, излезе со нови материјали откако се обрати до ЦИА во февруари 2016 година со барање за документи поврзани со југословенската нуклеарна програма .

– По повеќе од година и пол, во октомври 2017 година добив осум документи на вкупно 84 страници. Документите опфаќаат период од триесет години, од 1957 до 1986 година, во различни формати, од кратки извештаи до научни студии и сите носеа белег на висока тајност. Јасно е дека неколку генерации аналитичари на ЦИА сериозно ја сфатија оваа тема. Документите се уредувани на некои места за да се сокријат изворите на информации, а во пропратното писмо ми беше кажано дека сè уште има некои документи кои остануваат јавно недостапни поради влијанието врз американската национална безбедност. Значи, има уште тајни – вели Ковачевиќ.

Во документите на ЦИА до кои Ковачевиќ имал пристап стои дека Југославија веднаш по Втората светска војна воспоставила соработка со САД за развој на атомската програма и почнала да испраќа студенти на специјализација на американските универзитети.

Така, Југославија во 1952 година во соработка со научниците од Американското геолошко друштво извршила истражување на целата своја територија и утврдила дека има наоѓалишта на цврст ураниум во Словенија (Идрија) и Македонија (Злетово).