Туристичка агенција од Албанија со канцеларии во Атина е нападната со молотови коктели во рани зори, објавија грчки медиуми. Нападот се случил во центарот на Атина на улицата Делигијани. Нема информации за настрадани, освен дека, според фотографиите, е направена материјална штета, но овој инцидент само дополнително ќе ја крене тензијата меѓу Тирана и Атина, но и меѓу Грците и Албанците. Особено ако се земе предвид дека многу Албанци работат или сезонски или постојано во Грција.
Според првичните информации, молотовите коктели се фрлени на влезот на агенцијата.
Инцидентот е уште еден во низата кои се случија изминативе три дена. Најпрвин на 28 октомври на Националниот ден на Грција во Албанија беше убиен етничкиот Грк, Константин Кацифас, а потоа во Грција имаше општа тепачка меѓу Грци и Албанци по што шест лица завршија во болница, од кои две во посериозна состојба.
Случајот, пак, со Кацифас предизвика и дипломатски проблем меѓу двете зеји, па така вчера попладне во грчкото МНР на разговори беше повикан амабасадорот на Албанија.
За да биде состојбата уште покомпликувана, денес во грчки медиуми се објавуваат информации дека „Кацифас бил егзекутиран“ од албанската полиција. Се тврди дека Кацифас не е убиен на местото каде наводно се случил инцидентот, туку во планина, каде било пронајдено неговото тело. Еден лекар од Јанина изјавил дека тој таму бил однесен жив, а потоа егезекутиран.
Comments are closed for this post.