Обвинителството на Кантонот Сараево одреди 24 часовен притвор за Сречко Трифковиќ од Пале, кој се сомничи во врска со убиството на сараевските полицајци Адис Шеховиќ и Давор Вујиновиќ.

До сега, за време на истрагата сослушани се 49 лица. Убиените полицајци денеска се погребани во Сараево. Трифковиќ како што пренесуваат медиумите е познат авто-мафијаш од источно Сараево.

Тој е обвинет во предметот „Волан“ заедно со уште 24 лица. По апсењето во март одреден му е едномесечен притвор, по што пуштен е да се брани од слобода. Оваа група крадела луксузни автомобили во периодот од 2011 до 2017 година.

Околу 500 луѓе се собраа во понеделникот на плоштадот Деца во Сараево да оддадат почит на загинатите полицајци. Да потсетиме, во петокот наутро околу 4 часот крадци на автомобили пукаа врз полицајци. Еден од нив е одма убиен а другиот почина во болница од здобиените повреди.