Со кука и импровизирано јаже, двајца затвореници вчера побегнале од атинскиот затвор „Коридалос”.
Претходно ги пресекле решетките од ќелијата, стигнале до мал надворешен дел од затворот каде што немало чувари и со помош на кука и импровизирано јаже го прерипале надворешниот ѕид во височина од околу шест метри и излегле од затворот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, станува збор за двајца браќа Албанци, осудени за кражби, а бегството, кое е регистрирано и на безбедносните камери, се случило вчера во 20.40 часот по локално време.
При пребројувањето на затворениците утрово било забележано дека две лица се отсутни, по што и било откриено дека двајцата Албанци побегнале, а биле пронајдени и јажето и куката.
Грчката полиција трага по двајцата затвореници
Comments are closed for this post.