Словенечката влада ги продолжи рестриктивните мерки против коронавирусот вклучувајќи забрана за собирања и движење меѓу општините, ноќен полициски час, запирање на јавниот превоз и затворање на продавници кои продаваат продукти кои не се од животно значење.

На сила остануваат и мерките за претпазливост како што се носење маски на отворено и во затворен простор, редовно миење раце, се наведува со соопштението од Владата.

Сепак, донесена е одлука за јавноста да се отворат историско-културни и археолошки локалитети или ботанички градини, како и библиотеки и други културни институции, пренесе „СТА“.

Портпаролот на владата Јелко Кацин рекол дека владата ќе разговара со претставници на здравствените институции и фирмите како би се консултирала за потенцијални измени во одлуката.