Словенија се почесто станува дестинација на македонските работници кои се во потрага по добра работа.

Според податоците од Заводот за вработување најдефицитарни професии се градежници и здравствени работници. Потребни се 9072 градежници а здравствени и социјални работници 5376.Од здравствените работници најмногу се бараат медицински сестри и лекари.

Потребни се и работници во магацини, и тоа 3760 а во образовниот сектор 3047.Помала побарувачка има за научници -1913 и во јавна управа-1782.