Околу 400 словенечки државјани се собраа во знак на протест, при што побараа подобра заштита на границата и ја отфрлија идејата за нивната заедница да биде центар за процесуирање на мигранти.
Мештаните од пограничните подрачја во близина на граничниот премин Јелшане, на границата со Хрватска, секојдневно се соочуваат со илегални мигранти, кои честопати ја загадуваат околината, вршат кражби или оштетување на имотите – изјавил еден од демонстрантите, Иван Цегнар, пренесе агенцијата СТА.
Тој додал дека граѓаните бараат државата да ја заштите Шенгенската граница во согласност со законите и обврските што Словенија ги прифатила кога се приклучи на Шенгенската зона.
Како што наведуваат од агенцијата, подрачјето околу Јелшане не е главната точка за влез на мигрантите, но проблемите на локалните жители ги влошиле плановите за вонредни ситуации, коишто, во случај на пораст на бројот на мигранти, вклучуваат користење на објектите во близина на фграничниот премин како центри за процесуирање на мигрантите.
Во целата земја се регистрирани 1.639 обиди за нелегално преминување на границата, што е зголемување од речиси 150 отсто во однос на претходната година.
Comments are closed for this post.