Актуелните анкети на јавното мислење покажуваат огромен пад во поддршката за владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас во северна Грција. „Ефимерида“ денес пишува дека Ципрас и неговата партија ги очекува изборно Ватерло, без разлика кога ќе се одржат изборите – дали пролетва или наесен.
Според последните анкети, опозициската Нова демократија на Киријакос Мицотакис води пред Сириза на Ципрас за цели 14.6 проценти, а ова е особено изразено во северна Грција.
Последен пример за непопуларноста на таа партија се партиските контакти со базата во Катерини и во Кавала, каде немало народ, а имало огромно полициско присуство кое спречило силни протести. Во Јаница е фрлен молотов коктел пред куќата на пратеникот Теодорас Цакрис, додека имало протести и пред куќата на Елизабета Шуфа, а имало обид за спроведување протест и пред домот на пратеникот Христос Карајанидис од Драма.
Медиумите пишуваат дека секојдневно има протести организирани од попови и од граѓани против пратеници на Сириза.
Весникот „Авги“ коментира дека „Сириза ја плаќа цената на Преспанскиот договор со политичка изолација и општествен срам“.
Фашисти се тие што не го поддржуваат договорот
Тие што не го поддржуваат Преспанскиот договор се фашисти, рече во еден говор кандидатот на Сириза на локланите избори за централна Македонија, Христос Јанулис.
На еден политички настан во Катерини, Јанулис рече:„Пред да ја донесам мојата конелна одлука, со целосна почиот кон премиерот, кој ми даде чест да се обратам во ова време ја имам сликата на мојот син пред себе. Тој има 15 години, не сакам тој да расте во Грција со сите овие фашисти кои се надвор. Не сакам тој да расте во оваа земја“, рече тој додека надвор имаше анти Сириза протести.
Comments are closed for this post.