Швајцарскиот федерален управен суд го сопре враќањето на барателите на азил во Хрватска поради полициското насилство што се случува на хрватско-босанската граница, соопшти Центарот за мировни студии.
Од Центарот истакнуваат дека со таквата пресуда се потврдуваат бројните сведочења на бегалците, како и бројните извештаи на меѓународни и локални организации, институции и медиуми, коишто со години предупредуваат на континуираната пракса на хрватската полиција за насилен третман кон мигрантите што кај нив остава физички и психички последици.
Според Даблинската конвенција, барателите на азил треба да го поднесат тие барања во онаа земја од ЕУ во која првпат влегле во Унијата. Тоа значи дека мигрантите коишто влегле во ЕУ преку Хрватска треба од Швајцарија да бидат префрлени таму и да побараат азил од хрватските власти.
Comments are closed for this post.