На 21 август најавен е целодневен штрајк на аеродромот во Приштина, соопштија од Независниот синдикат на вработените на тој аеродром.

Од друга страна, менаџментот на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина соопшти дека и покрај најавениот штрајк на вработените сите летови меѓу 19 и 21 август ќе бидат реализирани.

Вработените на аеродромот денеска беа еден час во штрајк. За утре е најавен штрајк што ќе трае од 8 до 10 часот.