Денеска претсадателот на Србија Александар Вучиќ официјално побара српските сили да се вратат на Косово.Тој меѓу другите договори за кои побара меѓународната заедница да ги почитува го наведе и Договорот од Куманово од 1999 година.
Тој договор се викаше Договор за воено-техничка соработка кој го означи крајот на бомбрдирањето на Србија од страна на НАТО.
Договорот го потпишаа генералот на југословенската армија Светозар Марјановиќ, полицискиот генерал Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.
Најважните одредби од договорот
Престанок на непријателствата меѓу силите на НАТО со силите на тогашната југословенската армија и српската полиција.
Повлекување на југословенската армија и полицијата на Република Србија од територијата на Косово и Метохија.
Воспоставување на безбедносна зона од административната граница со Косово и Метохија на територијата на Република Србија и Република Црна Гора, поточно 5 km на копно и 25 km во воздух.Обврската на силите на КФОР беше и да ја разоружаат УЧК.
Comments are closed for this post.