Сретко Калиниќ (48), член на „земунскиот клан“, во својата нова книга тврди дека во март 2009 година, додека бил во бегство, имал совршена можност да го ликвидира тогашниот министер за одбрана Драган Шутановац во продавница за очила во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Шутановац во јавноста е познат како зет за ќерка на фолг пејачот Мирослав Илиќ.

Сретко опишува дека тој ден со Лука Бојовиќ  случајно во продавница налетал на министерот кој не ни бил свесен дека е во ист локал со најбараните српски криминалци.

Влеговме во продавницата не знаејќи дека внатре е Шутановац. Каква случајност! Замислете навистина да му удревме, ќе ги обвиневме“ што толку лошо го чуваат. Никогаш не би направиле ништо полесно! Штета што се толку лошо чувани. Тоа беше во февруари или март 2009 година-опиша Калиниќ.