Туристичката сезона почна па многу наши туристи со себе си носат голема колична храна кога одат на одмор во соседните земји надевајќи се дека така ќе заштедат. Но, многумина не знаат дека можат да имаат големи проблеми на граничните премини па дури и да платат казна.
Во Грција е најстрого забрането внесување на секакви готвени јадења. Не смеете да внесете ниту компири. Од млеко смеете само она во прав за бебиња како и до два килограми храна за миленици. Дозволени се ориз, макарони, чоколади и вода но нивната цена да не поминува 300 евра.
Во Хрватска е забрането внесување млако, месо, а за овошје и зеленчук смеете но до пет килограми.Оние пак кои не можат без алкохол смеете да внесете 5 литри вино и два литри друг пијалок.
Месото е забрането и во Црна Гора.Но постојат строги правила и за пијалоци. Можете да влезете само со пет литри пакувана вода, пет литри сокови и само еден килограм конзервирана храна.
Comments are closed for this post.