Деновиве главна тема на разговор во политичките кругови е самитот на ОБСЕ поради скандалот на МНР со ангажирањето на возила за 900.000 евра.

Но, малкумина знаат што всушност претставува ОБСЕ. Организацијата за Европска безбедност и соработка служи за превенција на конфликтите во Европа.Има 57 членки а седиштето е во Виена

Поранешното име е КЕБС-конференција за европска безбедност и соработка.Одлуките ОБСЕ ги носи со консензус.Еднаш годишно има земја-претседавач а оваа година редот е на Македонија која е членка од 1995 година. Преку својата Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), ОБСЕ ги набљудува и оценува изборите во земјите-членки

 

Македонските граѓани првпат го запознаа ОБСЕ за време на косовската криза кога нивните возила беа паркирани пред хотелот Александар Палас бидејќи тогашниот претседател на СР Југославија Слободан Милошевиќ одбиваше да ги пушти да влезат во Србија.

Како инструмент за спречување на конфликти ОБСЕ има комесар за национални малцинства со седиште во Хаг. Во регионот најпознат комесар беше Вилијам Вокер кој изготви извештај за наводниот масакр во косовското село Рачак во 1999 година.Тој извештај беше повод или основа НАТО да ја бомбардира Србија без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Во селото Рачак беа пронајдени телата на 45 Албанци, за чие убиство тогашната мисија на ОБСЕ, предводена од Вокер, без докази ги обвини српските безбедносни сили, а овој настан – иако никогаш не беше утврден дека се работи за масакр на цивили -беше пресуден на одлуката за бомбардирањето на поранешна СР Југославија.