Меѓу албанските лидери во регионот се погласно се говори за проектот „Алмакос“ кој би бил одговор на иницијативата „Отворен Балкан“ во кој засега се Македонија, Албанија и Србија.

Главен заговорник на овој проект кој треба да ги обедини Македонија, Косово  и Албанија е косовскиот премиер Албин Курти кој на секоја средба со меѓународните претставници, посебно со Германците говори за штетноста на „Отворен Балкан“, која според него е направен да го пропагира т.н „српски свет“ додека Албанците се само декор.

Изјави против „Отворен Балкан“ даде министерот за надворешни работи од редовите на ДУИ кој дури се закани дека Македонија треба да излезе од оваа инцијатива ако се докаже дека Србија е вмешана во последниот инцидент на Косово.Навистина е нејасно на кој начин тоа е поврзано со Македонија?

Во тој контекст анализира и „Косовоонлајн“ кој потсетува дека проектот „Алмакос“ беше промовиран во 2006 година од тогашната партија ПДП во Македонија и сега на некој начин се реактивира.

Сепак судбината на „Отворен Балкан“ засега не е загрозена затоа што зад него стојат САД кои сметаат дека е добар чекор кон целосно нормализирање на односите во регионот и дека во иднина кон него треба да се приклучат и Косово и Црна Гора.