Убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои поседуваа македонски пасош и кои беа ликвидирани пред очите на жените и децата во ресторан во Атина во 2020 годиина го нарачал водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер за милион евра од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, беше речено на вчерашното судење во Белград.
Убиството се случи на 19 јануари 2020 година во ресторан во Глифада. Дедовиќ и Стаматовиќ вечерале со сопругите и децата додека четворица мажи влегле во ресторанот, се приближиле до масата, проговориле неколку зборови на српски и потоа отвориле оган.
Камерите ги снимиле џелатите како се приближуваат до ресторанот, а бројни сведоци кои седеле на само неколку метри од убиените во ресторанот, ги опишале мажите кои влегле и пукале.
– Убијците изгледаа како војници. Влегоа во барот во црни панталони, со шалови на лицето и ја опколија масата. Беа прецизни. Штом завршија со пукањето, се свртеа и си заминаа.
Comments are closed for this post.