Будва воведе строги правила за туристите пред почетокот на летната сезона. Тоа се однесува за нивното однесување во градот кога не се на плажа или во хотелските центри.

Па така, шетање без маица или во „рамбовка“ низ градот ќе ве чини 500 ако биде фатени во турстичката полиција. Ако пак се шетате во костим за капење ќе бидете казнети со 600 евра.

Најстрого ќе се казнува јадење по улица или пак во паркови и јавни површини.
Санкциите за турстите предвидуваат казни и ако сушите алишта на балкон, ако го заземете паркинг просторот на мештаните, пуштате гласна музика и сл.