Преспанскиот се потпиша, а дилемата сега се вика „Северна“ или само „Македонија“: Ова е темата за која денес се дебатира и се анализира од повеќе експерти во Грција.
Повод за вакви дебати даде македонскиот премиер Зоран Заев кој зборува за „Македонија“, иако рече дека прв ќе земе пасош на „Република Сеерна Македонија“, а на тоа имаше остра реакција од Грција.Потоа Турција поттурна тема за размислување – Анкара соопшти дека дојде време „Македонија да влезе во НАТО“.
Но, српскиот претседател Александар Вучиќ, истакна дека Србија прва че ја прознае „Северна“…па, прашањето – зошто се отвора во Грција темата за новото име?
Експери и политичари, како на пример Адонис Георгиадис, потпретседателот на Нова демократија, инаку историчар по звање, вели дека Македонија, исто како и со Времената спогодба, ќе го крши Преспанскиот договор.
Секој што мисли дека Скопје ќе го почитува договор е наивен. Според договорот Грција признава Макеонци. Откако се потпиша тој договор, јас сум болен, изјави тој за Скај.
На ова одговорија извори од грчкото МНР, кои рекоа дека не треба да се плашиме од малата северна соседна земја, „а Нова демократија да престане да бара прашања за плашење и да поттикнува анахрони национализми“. Притоа извор од МНР истакнува дека токму во времето на владата на НД и ПАСОК се зајакнати турско-македонските односи.
Се огласи и професорот по меѓународна политика, Христодулос Јалурудис, инаку претседател на Хеленската културна фондација, кој вели дека името „Северна Македонија“ ќе постои само на меѓународни средби и конференции, а насекаде земјата че ја нарекуваат „Македонија“.
Според него, името Северна Македонја че биде само налепница, а во говорниот јазик, во комуникацијата меѓу луѓето ќе се користи Македонија и Македонци.
Јалурудис за агнецијата АНА изјави дека со Преспанскиот договор Грција не добила ништо, а државата немала никаква потреба за тоа во смисла на комуникација и економско претставување во земјата.
За Скопје тоа значи меѓународно признавање обезбедно од Грција, што е многу важно за земјата, за европската перспектива, за економскиот развој. Грција не доби ништо, зашто и онака имавме добри релации со Скопје по завршувањето на Студената војна. Грција немаше проблеми. Преспанскиот договор не ни беше потребен, истакна тој.
Comments are closed for this post.