Црна Гора има потреба од сезонски работници, објави тамошниот завод за вработување. Најголема потреба има во секторот туризам но и во градежништвото.

Оттаму велат дека потребни се околу 18.000 работници но оти тешко ќе најдат толкава бројка бидејќи Црногорците не сакаат да работат за плата од 500 евра колку што најчесто се заработува месечно на приморјето. Поради тоа, се принудени да увезуваат работници од Македонија, Србија и од Босна и Херцеговина.

Немаме доволно работна сила.Црногорците не сакаат да работат за мали пари. Но, платите се толкави колку што во овој момент можат да бидат – вели претседателот на црногорското туристичко зружение, Жељко Радуловиќ.