Кипар и Египет потпишаа договор за изградба на првиот гасовод за транспорт на природен гас од Кипар до Египет по дното на Средоземно Море. Проектот предвидува гасот од наоѓалиштата во крајбрежјето на Кипар да се транспортираат во Египет, каде што ќе се претвори во течен природен гас и потоа ќе се извезува во Европа.
Потпишувањето претставува пресвртница, не само за Кипар, туку и за целиот источен Медитеран – изјави кипарскиот министер за енергетика Јоргос Лакотрипис за посетата на египетскиот министер за нафта Тарек ел-Мол.
Американската фирма „Нобл енерџи“ во 2011 година откри гас во крајбрежјето на Кипар, а резервите се проценуваат на 127,4 милијарди метри кубни. Сепак, комерцијалната експлоатација се уште не е почната.
Конзорциумот, во кој, покрај „Нобл енерџи“, се наоѓаат и фирмите „Дач Шел“ и ДЕЛЕК од Израел, планира пред почетокот на операцијата повторно да преговара со кипарската Влада околу условите на договорот.
Според Лакотрипис, овој договор ќе привлече милијарди долари во изградба на инфраструктура.
Comments are closed for this post.