Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, го искажа својот став дека проблемот со мигрантската криза може да биде решен само надворешните граници на Унијата и посочи дека тоа им е јасно на сите.

За време на самитот на ЕУ во Салцбург, давајќи изјава за виенскиот весник Стандард, Курц појасни дека во моментов со право фокусот е свртен кон Фронтекс и кон подобра соработка со земјите на потекло и транзит на мигрантите.

Курц истакна дека скептичните држави, меѓу кои ги наведе особено Италија, Шпанија и Грција, мора да бидат убедени во таквиот став.