Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост”, Џамал Кашоги, починал во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по борбата со луѓето што ги сретнал таму, соопшти Саудиска Арабија врз основа на прелиминарните резултати од истрагата.
Поради скандалот, кој предизвика заострување на односите меѓу Ријад и западните земји, од нивните должности се сменети заменикот-началник на разузнавањето Ахмад ал-Ашири и вишиот научен соработник на принцот Мохамед бин Салман, Сауд ал-Катани.
Истрагата е се уште во тек, а досега се уапсени 18 Саудијци, се вели во соопштението на саудискиот државен обвинител.
Кашоги, критичар на саудиските власти, особено на принцот Мохамед бин Салман, минатата година се пресели во САД, поради страв од апсење откако тој критикуваше некои одлуки на Бин Салман и се произнесе против воената интервенција на Ријад во Јемен.
Тој исчезна на 2 октомври, откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул, и таму бил за да извади документи за венчавката која ја планирал.
Турските власти тврдат дека тој бил убиен во Конзулатот, а неговото тело било отстрането.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека е „длабоко вознемирен“ по потврда на Ријад за смртта на саудискит новинар Џамал Кашоги. Тој повика на „брза, целосна и транспарентна“ истрага за околностите на смртта на новинарот и побара целосна одговорност за оние кои биле вклучени во делото.
Comments are closed for this post.