Апсењето на Драган Микиќ (47), еден од наводните членови на меѓународната група крадци на дијаманти „Пинк Пантери“, ја отвори темата за судбината на познати членови на оваа организација која заврши трагично.

Многумина од нив се убиени а се проценува дека кражбите достигнуваат до 400 милиони евра во пари, накит, скапоцени крзна и автомобили.

Милан Љепоја, заврши во „кланицата“ на Беливук во Ритопек.

Toj беше осомничен за неколку спектакуларни грабежи во странство. Тој ограбил продавница за накит во Лихтенштајн во мај 2006 година, но набрзо бил уапсен од полицијата. Додека чекал да заврши истрагата против него, Љепоја во затворот си ја повредил раката, па бил пренесен во болница од каде успеал да побегне.

Следната година, на 15 април 2007 година, Љепоја организирал филмски грабеж на златарница во Дубаи, од кој бил украден накит вреден околу 11 милиони долари. Тој беше уапсен во 2008 година во Франција, но повторно успеа да побегне и се врати во Ниш

Бојан Мирковиќ: Ликвидиран во гаражата во Белвил

Бојан Мирковиќ (34) беше убиен на 12 ноември 2020 година во гаража на зграда во белградската населба Белвил.

Од „Пинк Пантерите“ единтвено жива и здрава е Оливера Ќирковиќ која откако ја одлежа казната затвор во Грција заработува пишувајќи книги за своите авантури со криминалнта група.