САД го прекинаа контактот со министерот на косовските безбедносни сили Рустем Бериша и неговиот заменик Агим Чеку, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.

Како што наведува весникот, соработката е прекината заради аферата со преувеличување и фалсификување на бројот на припадници на бившата Ослободителна војска на Косово.

Приштинскиот весник наведува дека соработката со Бериша и Чеку е прекината по објава на обвинението во случајот „ветерани на ОВК“.

Истовремено, делегација на тоа министерство, кое е предводено од заменик министерот Бурим Рамадани и командантот на Косовските безбедносни сили Рахман Рам, престојува во посета на американскиот Сенат во Стејт департментот.