Грција привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози на денешниот состанок препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатот од EUDCC на влезните точки во земјата“, а останатите одлуки се однесуваат на тестовите за невакцинираните вработени.

Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а од Министерството за здравство на Грција додаваат дека деталите ќе бидат објаснети во новата министерска одлука што ќе биде објвена во Службен весник на Грција.

Последната вакава одлука е во сила до 1 мај во шест часот наутро.

Пред две седмици, министерот за здравство соопшти дека од 1 мај до 31 август привремено се укинува и задолжителниот сертификат за влез во речиси сите затворени објекти во земјата