Се сеќавате на парлолата „Нема правда нема мир“ која ја промовираше СДСМ кога беше во опозицијата? Во Србија таа се вика „Рудника нече бити“.
Ако деновиве гледате што се случува кај северниот сосед не може да не ја видите сличноста на обидот за рушење на легитимната власт, во случајот таа на претседателот Александар Вучиќ. Српската опозиција за симнување на Вучиќ од власт користи пресликано македонско сценарио.
Безидејната српска опозиција делува по истите насоки како СДСМ. И во едниот и во другиот случај, како повод да се излезе на улица се користеше убиство.Во Македонија тоа беше убиството на Мартин Нешовски а во Србија тоа беше убистото во училиштето „Владислав Рибникар“ од страна на Коста Кецмановиќ.
Српската опозиција со недели протестираше и беше на улица со паролата „Србија против насиља“. Одеднаш тие протести запреа.На ред дојдоа изборите каде опозицијата доживеа убедлив пораз но тоа не беше проблем да ја искршат зградата на белградското градско собрание.
Се сеќавате дека и во Македонија СДСМ изгуби на изборите во 2017 година но со помош на странците направи влада.Надежите на српската опозиција се дека и таму ќе се случи истото.
Сега како повод за протести е ископот на литиум. Протсетите се засилија откако Вучиќ и германскиот канцелар потпишаа договор за откоп и експлоатација на овој метал неопоходен за производство на електрични батерии.
И покрај објаснувањата на Вучиќ дека никакви испокувања во месноста Јадар кај Лозница нема да има додека не бидат задоволени сите еколошки стандарди тоа не е доволно за српската опозиција да блокира патишта и железници.
Ископот на литиум треба да го врши компанијата „Рио Тинто“ која дозволата за истражување ја има добиено во време кога сегашната опозииција беше на власт.
Comments are closed for this post.