„Бугарија се занимава со преработување на историја кога зборува за таканаречената
репресија од Црвената армија (за време на Вотрата светска војна -н.з.).
Ова е опасен тренд“, изјави портпаролоката на руското Министерство за надворешни
работи Марија Захарова, пишува „news.bg“.

Нов дипломатски спор меѓу Бугарија и Русија започна во вторникот кога бугарското
Министерство за надворешни работи го осуди наводно „сомнителното“ историско тврдење
на Русија за „ослободување“ од нацизмот, а по повод изложбата на руската амбасада
насловена „Изложба 75 години од ослободувањето на Источна Европа од нацизмот“.
Русија ја прогласи за „неморална“ позиција на Министерството за надворешни работи на
Бугарија