Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата Лаура Ковеси е потврдена за Главен обвинител на Европската унија за измами, потврди Европскиот Парламент.

Ковеси го презема новото Европско обвинителство  (EPPO) со мандат од седум години, откако мнозинство од земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи го и претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, во септември ја поддржаа нејзината кандидатура.

За Ковеси се водеше истрага во родната Романија за злоупотреба на службената положба.