Добрите односи меѓу Бугарија и Грција придонесуваат за хармонијата во регионот, изјави поранешниот премиер и цар на Бугарија Симеон Саксобурготски во интервју за грчкиот портал „Инкорект“, пренесува БГНЕС.

Во интерес на двете страни е да имаат добри односи. Како што споменав додека бев во Атина неодамна, забележав дека врските меѓу нашите две земји се зголемени и зајакнати. Тоа придонесува за хармонија во регионот, со економски придобивки за луѓето. Во интерес на двете страни е да имаат добри односи. Како што споменав додека бев во Атина неодамна, забележав дека врските меѓу нашите две земји се зголемени и зајакнати. Придонесува за хармонија во регионот со економски придобивки за луѓето – изјави Саксобурготски.

Тој го коментираше Договорот од Преспа, кој беше склучен минатиот јуни од страна на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

Верувам дека секој договор само по себе е секогаш плус. Сè додека е слободно прифатен од потписниците и не е наметнат од диктатот на големите сили. Договорите и спогодбите мора да се имплементираат и евентуално да се подобрат доколку е потребно – истакна бугарскиот цар.